02.11.2022 Скопје
Финската премиерка Сана Марин, ги повика Турција и Унгарија што е можно поскоро да го одобрат барањето на Финска и Шведска за членството во НАТО, бидејќи тие се единствените две членки на НАТО кои се уште ги немаат ратификувано нивните барања.
Двете земји поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини дека пружиле засолниште на групи што ги смета за терористички.
Финска и Шведска минатата недела повторија дека истовремено ќе се приклучат на НАТО, со што претставија обединет фронт пред Турција.
Подготвено од М.Н.