https://www.flickr.com/photos/nodurians/25480923326/in/photolist-2mPmpu6-Lk8kUR-LhEqAw-5VwVCh-5LMw2a-PB7J2v-Lp4s3w-PDS2Z7-8Dnr7-KviCLB-8NvXN8-2jJwgGp-KppWC-2DjTwH-KppWy-5LMw3t-4sTGQ4-7NNSge-EPEoLf-e7Xr8t-2mVLtNH-7n7xtd-bhvpWz-bhvqwX-bhvrjc-bhvpK6-bhvrJr-KEbjfT-bhvruX-bhvsdX-bhvrWg-bhvrb6-29kKHzr-bhvr3P-fbYcJ3-McWZo1-2dP3CX3-2iGhvJv-5QNLUL-5sTcpm-2iDDxV4-26zWS2J-4sXMH9-27XKnFH-2izsc5x-29kKwzF-2iEQZZB-ZmzsB1-KCnffi

18.11.2022 Скопје

Во недела ќе започне светското првенство во фудбал во Катар и ќе трае до 18 декември. Доколку сте меѓу страствените фанови кои ќе го следат првенството во живо или едноставно сакате да знаете различни интересни факти за дестинацијата, издвоени се неколку корисни информации за оваа далечна и богата земја.

Катар се простира на површина од само 11.571 квадратни километри на Арапскиот Полуостров, благодарение на големите нафтени ресурси, Катар е една од најбогатите земји во светот каде просечната плата е околу 4.000 евра, и воопшто не е чудно што трошоците за живот се прилично високи.

Алкохолот во Катар е забранет и се казнува со високи парични казни и затвор, но во пресрет на фудбалскиот шампионат, властите олабавија некои правила во однос на консумирањето алкохолни пијалоци. Алкохол не може да се купи во продавници, туку само во одредени ресторани, хотели и барови кои имаат посебна дозвола.

Доколку страдате од одредени здравствени проблеми, однапред проворете кои лекарства смеете да ги земете со вас бидејќи Катар е една од најрестриктивните земји кога станува збор за нелегалните дроги. Забрането е поседување, продажба и употреба на канабис, па дури и на некои лекови против болки и смирувачи кои се издаваат без рецепт.

Во Катар исто така е забрането јавното покажување на нежност, без разлика на брачниот статус, и во оваа земја е забранет соживот меѓу маж и жена кои не се венчани, но сепак поради светското првенство невенчаните парови ќе можат заедно да делат една хотелска соба.

Светското првенство во Катар е првото во историјата кое не се одржува во мај, јуни или јули,и тоа поради екстремно високите температури настанот беше одложен за ноември и декември. Времето во овој дел од годината е попријатно, но сепак со високи температури кои се движат во просек меѓу 21 и 26 Целзиусови степени.

Од Катар исто така сугерират, жените и мажите да покажат почит кон локалната култура и да избегнуваат облека што открива премногу кожа, посетителите треба да изберат облека која што ги покрива рамената и колената кога се на јавни места, особено при посета на трговски центри и слично.

Во Катар бидете љубезни во сите ситуации, почитувајте ги културните разлики, не ширете лажни гласини за земјата на социјалните мрежи и зборувајте со почит за кралското семејство. Имајте предвид дека пцуењето и покажувањето среден прст, може да резултира со приведување во полициска станица.

Не се ракувајте со луѓе од спротивниот пол, освен ако тие прво не ви ја пружат раката и избегнувајте фотографирање луѓе без претходна дозвола, како и фотографирање на воен персонал и верски места.

Подготвено од М.Н.

About Author