https://www.facebook.com/photo?fbid=572255378237215&set=pcb.572255744903845

15.11.2022 Скопје

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски одржа заедничка прес-конференција со европратеничката и лидерка на прогресивната алијанса на социјалдемократи во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез.

Гарсија Перез на прес-конференцијата истакна дека прашањето на уставни измени во Република Северна Македонија е од национален интерес и додаде дека воопшто не е време за партиски игри.

Европратеничката Гарсија Перез оцени дека уставните измени се важни и тоа не е во интерес на Владата, туку во интерес на граѓаните и за државата и дека во ова прашање опозицијата мора да има јасна позиција.

Европратеничката во однос на прашањето, дали има некакви гаранции дека Бугарија повторно нема да постави нови блокади на патот на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, истакна дека не може да даде гаранции за она што бугарската Влада ќе го стави на агендата.

Гарсија Перез додаде дека таа гарантира за тоа дека сите заедно во Европскиот парламент, ќе работат со цел да ги консолидираат овие битни преговори и конечно Република Северна Македонија да го добие своето заслужено место во европското семејство.

Подготвено од М.Н.

About Author