gorivo

16.11.2022 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 % во однос на одлуката од 14.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,887%, кај дизелот за 2,869%, кај екстра лесното за 2,857% и кај мазутот намалувањето е за 2,291%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 денари/литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,567 денари/килограм и сега ќе изнесува 47,622 денари/килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,485%.

Од 17 ноември 2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 — 91,50 денари/литар
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 — 94,00 денари/литар
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) — 93,00 денари/литар
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) — 88,00 денари/литар
– Мазут М-1 НС — 47,622 денари/килограм

Подготвено од А.Ѓ.

About Author