27.11.2022 Скопје
Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема Мбасого е реизбран на функцијата со 95 отсто од гласовите на изборите кои беа одржани на 20 ноември.
На 80-годишниот Објанг, оваа победа ќе му биде шести мандат на функција, и со победата ќе го зацврсти неговото место како шеф на држава со најдолг стаж во светот кој е на власт цели 43 години.
Западноафриканската земја со околу 1,5 милиони жители до сега имала само двајца претседатели од стекнувањето независност од Шпанија во 1968 година.
Објанг го собори својот вујко Франциско Масиас Нгуема со државен удар во 1979 година и од тогаш непрекинато е на чело на својата држава.
Подготвено од М.Н.