24.11.2022 Скопје
Општина Аеродром во моментов го проектира буџетот за 2023 година во кој се планирани инвестиции во неколку важни и капитални проекти.
Проектирање и почеток на изградбата на две детски градинки, изградба на нов плоштад зад Капитол и доградба и надградба на две училишта и нови паркови во Аеродром, се само дел од планот за 2023 година.
Од општината истакнаа дека и во следниот период ќе се фокусираат на зелен и хуман развој на Аеродром, со многу поголем интензитет и динамика, што според нив значи дека сите нови објекти кои Општина Аеродром ќе ги изгради во следниот период ќе имаат систем за енергетска обновливост и енергетска ефикасност.
Од општина Аеродром изјавија дека за првпат следната година ќе се издаваат „зелени обврзници” кои ќе бидат поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза.
Подготвено од М.Н.