22.11.2022 Скопје
На денешната прес-конференција, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека бројките покажуваат дека потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата е значително намалена.
За разлика од пред десетина дена, кога потенцираше дека цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми, сега истакна дека се прават калкулации и од 1 јануари, не се предвидува да има значително зголемување на цената на струјата за домаќинствата. Воедно, појасни дека се уште се прават калкулации и се испитува во која од четирите блок тарифи ќе се интервенира и за колку.
Бектеши најави дека за малите потрошувачи, а тоа се околу 73.000 компании и иснтитуции кои се на регулираниот пазар, цената на струјата ќе се намали.
Министерот за економија, воедно, ги повика и големите компании кои се на голем пазар да склучат договори со ЕСМ за обезбедената поевтина струја и напомена дека согласно тоа намалување, цените на храната мора да се намалат, а ако не се случи тоа, ќе има мерки.
Подготвено од А.Ѓ.