02.11.2022 Скопје
Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тилеуберди, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија, оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Османи ја поздрави одлуката на Владата на Казахстан да отвори амбасада во Македонија веќе од следната година, како ново поглавје во билатералните односи и доближување на граѓаните од двете земји, и ја истакна важноста на продлабочувањето на економските и трговските врски.
Османи и Тилеуберди се осврна на мултилатералната соработка, особено во рамки на ОБСЕ, со која Република Северна Македонија ќе претседава во 2023 година, а разменија и мислења за последиците од руската инвазија врз Украина, како и за кризата на енергетскиот пазар и предизвиците со достапноста на храна.
И претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари средба со Мукхтар Тилеуберди. На средбата беше оценето дека двете држави градат пријателски односи и меѓусебно разбирање и дека постојат можности за нивно унапредување во повеќе свери од заеднички интерес.
Средбата на Тилеуберди со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, почна со уверување дека посетата ќе претставува извонредна можност за размена на мислења и искуства за повеќе прашања од заеднички интерес. Џафери изрази задоволство што билатералните односи меѓу Македонија и Казахстан се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и взаемен интерес за натамошно проширување и продлабочување на тие односи.
Министерот за надворешни работи на Казахстан, Мукхтар Тилеуберди, изрази задоволство од приемот во Република Северна Македонија и потенцираше дека е почестен од успешната реализација на оваа средба.
Подготвено од М.Н.