03.11.2022 Скопје
Во рамки на Самитот за Берлински процес што се одржува денеска во Берлин, Сојузна Република Германија од страна премиерот и лидерите од земјите од Западен Балкан беа потпишани три регионални договори за мобилност.
Овие договори се однесуваат на заедничко признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификациите за докторите на медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан.
Потпишувањето на овие меѓународни договори треба да ја зајакне соработката помеѓу земјите од балканот, во делот на реформските процеси, заедничките пазари, меѓусебно признавање на професионалните квалификации, слободно движење на луѓе и стоки и истата треба да придонесе за забрзан регионален економски раст и развој.
Подготвено од М.Н.