11.11.2022 Скопје
Откако доби сериозно предупредување од американските регулатори и неколкумина извршни директори поднесоа своја оставка, новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, изјави дека компанијата би можела да дојде до банкрот.
Федералната комисија за трговија соопшти дека ги следи случувањата во „Твитер“ со голема загриженост, предупредувајќи го Маск дека никој не е над законот.
Откако компанијата „Твитер“ беше купена од Илон Маск, и отпуштени се речиси половина од 8.000 вработени, а беше и воведено плаќање за верификација на профилите, компанијата е во вистински хаос.
Меѓу последните кои го напуштија Маск се директорите надлежни за приватност и усогласеност, а оставка поднесол и Јоел Рот, кој го водеше тимот за спречување на ширењето на говор на омраза и дезинформации.
Новиот сопственик Илон Маск, испратил мејл до сите вработени во чија содржина било наведено дека не се исклучува можноста од банкрот на „Твитер“.
Рекламите се најголемиот извор на приходи, и неколку големи огласувачи изразија загриженост и ги ставија на пауза своите инвестиции на социјалната мрежа „Твитер“, што додатно ги намалува приходите на компанијата.
Подготвено од М.Н.