24.11.2022 Скопје
Во врска со проблемот на Белград и Приштина поради регистарските таблички, високиот преставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, соопшти дека конечно е постигнат договор.
Во соопштението на Борел стои дека се радува на постигнатиот договор бидејќи со оваа одлука се избегнува натамошната ескалација и дека во потполност двете страни се фокусирани на предлогот за нормализација на односите меѓу нив, а со тоа и на целиот тој регион.
Борел додаде дека во наредните денови ќе ги повика страните да ги разгледаат следните чекори, и му изрази благодарност на специјалниот претставник Мирослав Лајчак на напорната работа.
Мирослав Лајчак претходно во Брисел оствари средба со преговарачите на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, и изрази надеж дека ќе се најде решение за смирување на тензиите во Косово.
Подготвено од М.Н.