https://www.flickr.com/photos/partyofeuropeansocialists/43888109845/in/photolist-29Sf324-9LbeXi-C7wLtN-wyLnj-8QbaE9-bqvBnd-DNyXjm-29ojps5-2ic8QJB-4SJmf-25tyMxm-2EMUk-HyKBCV-HdaoY8-9Hwk4-5b1r1X-bmWr9z-4tu51-DFC37Q-styFP-FMiccs-aZmXG-9Erkr-9zXqJP-aBek5q-7TxNE-GQ4Mx-Dqo8s-6Y19Y-3peB7-pm44W-2kYKmrL-4xnscR-KL6Wo-7UXNDC-25t15CG-2YErm-2DVpQQ-7JdvHp-86KXw-9HZKNN-xTXoz-8tod2-7Zjbg-vxNuQ-WLui-dxB3rj-29c5Hrg-66yTn-3fb2uG

03.11.2022 Скопје

Премиерот Антонио Коста изјави дека Владата на Португалија планира да го прекине издавањето на „златни визи“ за богатите странски инвеститори, кои на тој начин можат слободно да се движат низ Европа.

Социјалистичкиот премиер за медиумите изјави дека има програми што сега ги разгледуваат, а една од нив е програмата за златни визи, која веројатно веќе ја исполни својата функција.

Португалија од 2012 година издава дозволи за престој за инвестиции, кога бараше странски капитал. Во последните десет години, така беа привлечени повеќе од 6,5 милијарди евра во замена за повеќе од 11.000 дозволи за престој издадени на кандидати кои се подготвени да потрошат најмалку 500.000 евра за да купат недвижен имот, да инвестираат најмалку еден милион евра или да отворат десет работни места.

Според статистиката објавена од Службата за странци и граници, повеќе од 18.000 визи беа издадени и на блиски роднини на тие инвеститори.

Во август, португалскиот парламент усвои измени во законите за имиграција за да го олесни приемот на странски работници, особено таканаречените „дигитални номади“, кои можат да работат од далечина и на кои сега им е дозволено да аплицираат за специјална виза.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author