Image by jcomp on Freepik

28.11.2022 Скопје

Организациите за бездомници предупредија дека повеќе чешки граѓани бараат засолниште во засолништа за бездомници бидејќи се соочуваат со финансиски тешкотии поврзани со енергетската криза.

Во Чешка, пописот нарачан од Министерството за труд и социјала покажа дека најмалку 270.000 луѓе живеат на улица, во хостели, засолништа или екстремно пренаселени станови. Но, статистиката сè уште не го покажува влијанието на енергетската криза, според Чешкото радио, додека организацијата за засолништа за бездомници „Надеје“ (Надеж) укажа на зголемувањето на луѓето кои доаѓаат во засолништата оваа година.

Директорот на организацијата Даниел Свобода изјави дека пресметуваат дека имаат околу 60 нови бездомници месечно, истакнувајќи дека луѓето кои немаат дојдено во минатото, доаѓаат сега затоа што живееле во хостели или заеднички изнајмени станови, а сега веќе немаат финансиски средства да платат за такво домување. Воедно, предупреди дека доколу кризата продолжи, очекуваат голем пораст на ваквите типови клиенти следната година.

Како што информираат од Чешкото радио, некои хостели и прифатилишта се веќе со полн капацитет.

Во меѓувреме, владата веќе најави дека најверојатно ќе расправа за нацрт-законот кој има за цел да им помогне на луѓето кои имаат потреба од домување, кој, меѓу другото, ќе им обезбеди на луѓето еднократна парична помош.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author