https://www.facebook.com/photo.php?fbid=719829586161132&set=pb.100044022914395.-2207520000.&type=3

23.11.2022 Скопје

Бразилскиот претседател во заминување, Жаир Болсонаро, кој што ги загуби изборите од левичарскиот кандидат Луис Ињасио Лула да Силва, поднесе жалба за резултатите од минатомесечните претседателски избори, поради нерегуларности на некои избирачки места.

Претставници на десничарската коалиција на Болсонаро, изјавија дека нивната ревизија на пребројувањето на гласовите открила нерегуларности во некои од постарите гласачки машини што се користат во Бразил, и тоа предизвикува сомнежи и го оневозможува потврдувањето на добиените реални резултати.

Минатомесечните избори беа едни од најнеизвесните претседателски избори од враќањето на бразилската демократија во 1985 година.

Болсонаро загуби на избори првпат во неговата 34-годишна политичка кариера со тесна разлика, освојувајќи 49,1 отсто од гласовите, додека Лула да Силва доби 50,9 отсто.

Подготвено од М.Н.

About Author