25.11.2022 Скопје
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, изјави дека работат на изнаоѓање соодветно решение за долгорочна одржливост на македонска Пошта, а за главниот објект во центарот на Скопје, во кој пред неколку години се случи пожар, рече дека презема обврска заедно со ресорните министри да биде обновена.
Ковачевски на седницата за пратенички прашања изјави дека секоја година Владата одвојува средства од својот буџет за македонска Пошта.
Премиерот Ковачевски додаде и дека од 2012 година Пошта создава загуба од околу три милиони евра годишно и работи монополски на пазарот, и затоа тој смета дека најдоброто решение би било да се направи комплетна реорганизација на пошта, односно првиот начин е приватизација, а вториот е делумна приватизација со аукција или со избор на стратешки партнер.
Подготвено од М.Н.