10.11.2022 Скопје
Денеска, српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ ги повика граѓаните на октомвриските сметки да внимаваат на попустот за заштеди во потрошувачката на електрична енергија.
Во соопштението од Министерството за рударство и енергетика на Србија се наведува дека домаќинствата кои ќе ја намалат потрошувачката на електрична енергија за пет до 20 отсто во однос на истиот месец лани имаат право на попуст од 15 отсто, за заштеда на електрична енергија од 20 до 30 отсто намалувањето ќе изнесува 20 отсто, а за заштеда поголема од 30 отсто ќе им се пресмета попуст од 30 отсто.
Попустот се прикажува на сметката под точка 6 – попуст за рационална потрошувачка на електрична енергија. Се пресметува врз основа на Заклучокот на Владата на Република Србија од 16 септември, со кој се препорачува Електростопанството на Србија (ЕПС) да дава попусти за домаќинствата кои ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 1 октомври 2022 до 31 март 2023 година.
Подготвено од А.Ѓ.