https://www.facebook.com/photo.php?fbid=726925435460267&set=pb.100044284516881.-2207520000.&type=3

27.11.2022 Скопје

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски се радуваше на својот првенец на Светското првенство, каде Полска играше против Саудиска Арабија и победи со резултат од 2 – 0.

Резултатот беше отворен во 39 минута, кога Левандовски му асистираше на Зелински за водство од 1-0.

Саудиска Арабија можеше веднаш да изедначи, бидејќи беше досуден пенал, но полскиот голман го одбрани ударот на Ал Давсари, а одлично реагираше и по одбиената топка, и со нова интервенција не дозволи неговата мрежа да биде затресена.

Полска сепак успеа да ги осигура трите бода во 82 минута, кога Левандовски му ја одзеде топка на Малки и рутински реализираше акција за својот првенец на Светското првенство со што го постигна конечниот резултат од 2-0.

Подготвено од М.Н.

About Author