19.11.2022 Скопје
Полскиот претседател Анджеј Дуда предупреди дека Полска мора да биде подготвена за повеќе инциденти поврзани со руската војна во Украина.
Полскиот претседател, мислејќи на ракетата што неделава падна на полска територија, истакна дека за жал, мора да бидат подготвени за уште такви инциденти на нивната граница.
Полските медиуми пишуваат дека Дуда беше категоричен дека Полска ќе направи сѐ за да спречи повторување на тоа што се случи, иако во инцидентот што се случи неделава на границата со Украина, кога ракети паднаа во полско село и убија две лица, не било можно полската противвоздушна одбрана да реагира и да го собори проектилот.
Полскиот претседател Дуда потенцира дека ниту една земја во светот нема таков одбранбен систем што може да ја заштити целата нејзина територија, особено толку блиску до границата, ако нема стратешки, критични објекти кои се специјално чувани.
Подготвено од А.Ѓ.