16.11.2022 Скопје

Полскиот претседател Анджеј Дуда, го отфрли барањето на Украина, за да биде вклучена во истрагата за паднатата ракета во селото Пжеводов во близина на украинската граница.

Досегашната истрага укажува на тоа дека станува збор за пад на украинска ракета за противвоздушна одбрана, односно дека за експлозијата не е одговорна Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден предложи, истрагата да биде сојузничка и спроведена од полски и американски истражители, но во истрагата е многу голема веројатност дека ракетата што паднала во близина на складиштето за жито во пограничното село Пжеводов била украинска ракета за противвоздушна одбрана, истрелана за да пресретне руски ракети за време на масовно бомбардирање врз Украина, која случајно паднала на територијата на Полска.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пак изјави дека ова не е вина на Украина односно Русија треба да ја сноси крајната одговорност бидејќи ја продолжува својата нелегална војна против Украина.

Сојузниците на НАТО го изразија своето најдлабоко сочувство за трагичната загуба на животи откако две лица беа убиени во Полска, и ја повикаа Русија да ја запре оваа бесмислена војна против Украина.

Полскиот премиер Моравјецки изјави дека по добиените информации од истрагата за паднатата ракета, нема потреба да се применува членот 4 од договорот на НАТО за дејства во случај на закана за членка на Алијансата.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *