05.11.2022 Скопје
Полска поднесе тужба до Европскиот суд на правдата во врска со регулативата на Европската Унија за намалување на потрошувачката на гас усвоена во јули, наведувајќи дека регулативата на 27-члениот блок не е усвоена едногласно.
Полскиот заменик-министер за правда Себастијан Калета истакна дека регулативата е во спротивност со договорите на ЕУ, додавајќи дека при нејзиното донесување не се почитувал принципот на едногласност. Воедно, додаде дека тоа го блокира правото на вето на Полска, иако тоа е јасно предвидено со договорите на ЕУ.
Според Калета, ЕУ „се обидува да ја искористи енергетската криза за целосно да го преземе обликувањето на енергетската кошница на континентот“.
Како дел од планот за вонредни состојби што е во сила од јули, ЕУ предвиде сите земји-членки да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти поради можноста за прекин на испораките на природен гас од Русија.
Подготвено од А.Ѓ.