21.11.2022 Скопје
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека поради политичката изолација на Русија, европските земји ќе се соочат со сериозни последици.
Ердоган истакна дека цената ќе биде многу голема и дека таа цена ќе биде платена главно од европските земји, и додаде дека Западот заедно со Соединетите Американски Држави ја напаѓа Русија без било какви ограничувања, и поради тоа Москва мора да се спротивстави.
Турскиот претседател Ердоган, наведе дека акциите на Русија во Украина не се случајни и дека оваа војна претходи поради потезите на НАТО.
Претседателот на Турција додаде дека контактите меѓу шефовите на Русија и американската разузнавачка служба во Турција сеуште ја држат под контрола оваа војна, и се обидуваат да ги спречат неконтролираните ситуации на теренот.
Подготвено од М.Н.