https://www.facebook.com/photo/?fbid=503088755191343&set=a.470936595073226

11.11.2022 Скопје

Денеска на петтиот Париски мировен форум насловен „Излез од повеќекратна криза“ ќе учествуваат лидери на голем број меѓународни организации и држави.

Форумот е посветен на најголемите предизвици на денешницата, меѓу кои влошените климатски промени, брановите на пандемијата на коронавирусот, продлабочувањето на нееднаквоста и геополитичките конфликти со глобални последици. Исто така, во фокусот ќе биде и спречување на деструктивната поларизација на светот.

На петтиот Париски мировен форум ќе се обратат францускиот претседател Емануел Макрон и претседателите на Аргентина и Колумбија, Алберто Фернандес и Густаво Петро. Исто така, ќе се обратат и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман, извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.

На средбата ќе говорат и гувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), Карло Монтичели и генералните директори на Меѓународната организација на трудот и УНЕСКО, Жилбер Унгбо и Одре Азуле.

На стогодишнината од крајот на Првата светска војна, во 2018 година Макрон го започна Парискиот мировен форум со цел да се промовира мултилатерализмот.

Парискиот мировен форум е платформа отворена за сите кои сакаат да развијат координација, правила и капацитети кои одговараат на глобалните проблеми. Активностите за поддршка во текот на целата година и годишниот настан во ноември помагаат подобро да се организира нашата планета преку собирање на светот, поттикнување проекти и инкубирање иницијативи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *