https://www.flickr.com/photos/gageskidmore/50549127627

17.11.2022 Скопје

Со обезбедени 218 места потребни за да има мнозинство во претставничкиот дом, републикантската партија по нешто повеќе од една недела од завршувањето на изборите, конечно победи.

Иако разликата е тесна, тоа ќе биде доволно да се попречува агендата на Џо Бајден во следните две години.

Охрабрени од нискиот рејтинг на Бајден, Републиканците се надеваа дека ќе ја преземат контролата во двата дома, но не ги постигнаа очекуваните резултати, и Демократите и натаму ќе ја имаат контролата во Сенатот кога ќе се формира нов Конгрес во јануари.

Кевин Мекарти, кого Републиканците го номинираа да ја замени Ненси Пелоси на спикерската позиција изјави дека американците се веќе подготвени за нови насоки и републиканскиот Претставнички дом е спремен за остварување на нова цел.

За да биде избран Мекарти за спикер треба да добие мнозинска поддршка од претставниците на Домот, а Пелоси изјави дека нема лесно да му ја отстапи функцијата на републиканецот Кевин Мекарти.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *