13.11.2022 Скопје
Во Невада сенаторката Кетрин Кортез Масто го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, кој беше поддржан од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека за сега е задоволен од резултатите и дека е време републиканците да одлучат кои се всушност тие.
Чак Шумер, кој е водич на демократското мнозинство во Сенатот, изјави дека овие резултати покажале дека американскиот народ ја отфрлил насилната реторика на Републиканската партија, но дека се уште е неизвесно и републиканците сè уште би можеле да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом на САД, бидејќи гласовите продолжуваат да се бројат од неколку области по изборите во вторникот.
Демократите сега ќе имаат 50 места во Сенатот, а републиканците во моментов имаат 49. Преостанатото место од Џорџија, оди во вториот круг на гласање кое ќе се одржи во декември.
Доколку се сменат сегашните резултати и дојде до победа на републиканците во Претставничкиот дом, се претпоставува дека тие ќе спречат голем дел од агендата на американскиот претседател Џо Бајден.
Подготвено од М.Н.