https://www.flickr.com/photos/137513568@N07/37255158674/in/photolist-YL7qHY-5YNSud-mxFPzF-4M1imt-7CsEKQ-aDuB9M-2c24Q2n-9iNppZ-8gVsJX-jQQsU6-rXWJw4-2hfaY5i-K2p6gY-efv72h-bK1iRD-b3DUeV-8XRjHc-dSdMLY-dW9s8a-o18ojN-E3D4E-8ziv21-buqsPC-K44Dff-86NBGN-EaFYTe-wMSNeJ-2jxVadG-EgyMRC-q3Hn99-25bfMdK-25gffxY-284sLAf-23ebK9m-apoxNn-8bqUgo-25gffCN-2judiY1-YNybt3-XuF2n3-2j3d1Z9-Y5y4xL-XN1kfm-27cnNmY-QW7WTt-X3NoMx-accitj-7FSxD7-8bjTQB-2mWtLSa

01.11.2022 Скопје

По барањето од Италија сега и Украинската фудбалска асоцијација (УАФ) побара од ФИФА да донесе одлука со која Иран ќе се исклучи од турнирот во Катар.

Украинските фудбалски претставници најавија дека ќе потпишуваат петиција и формално ќе ја поднесат до ФИФА, и упатуваат обвинување до Техеран за системско кршење на човековите права и помагање на руската воена агресија против Украина.

Киев и Западот го обвинија Иран дека и доставувал проектили и беспилотни летала на Русија за инвазија над Украина но Техеран и Москва ги негираат овие изјави. Иран ќе биде меѓу 32-те нации што ќе се натпреварува на Светското првенство во Катар 2022 година, кое ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.

Сергеј Пелкин, кој е извршен директор на еден од најголемите клубови во Украина, Шахтар Доњецк, изјави дека Иран треба да биде исфрлен од Светското првенство и да биде заменет со Украина, која не успеа да се квалификува по поразот во финалето на плејофот во Велс во јуни.

Украинската фудбалска асоцијација соопшти и дека ќе поднесе жалба до ФИФА и УЕФА, за да и биде одземено членството на Руската фудбалска унија од двете организации.

Подготвено од М.Н.

About Author