03.11.2022 Скопје
Проф. д-р Аспазија Софијанова и д-р Никола Васев, по барање на министерот за здравство, Беким Сали, поднесоа оставки од директорските функции, соопштија од Министерството за здравство.
Согласно со законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, стои во соопштението од министерството.
Овие оставки се проследени откако деновиве во дел од медиумите се пишуваше за можни манипулации со платите на директори на државната клиника, како и за проблеми со обезбедување на лекови за редовна терапија на пациентите.
Подготвено од М.Н.