25.11.2022 Скопје
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека премиерот Андреј Пленковиќ го прекршил Уставот бидејќи до Парламентот ја доставил предлог-одлуката за обука на украинска војска во Хрватска.
Милановиќ изјави дека Парламентот не е надлежен да носи одлуки за учеството на хрватската армија во мисијата за воена помош на Европската Унија за поддршка на Украина.
Милановиќ додаде дека ова е војна која Америка ја води против Русија преку Украина, и дека ситуацијата е поопасна од било кога затоа овој предлог на премиерот е бесмислен и Хрватска нема да учествува во борбена обука.
Хрватскиот претседател Милановиќ, исто така истакна, дека Хрватска според Уставот има обврска да обезбеди безбедносна помош или да и помогне на членка на НАТО која е нападната но оваа помош е апсурдна бидејќи Украина не е членка на НАТО.
Милановиќ претходно одби да го разгледа писмото од министерот за одбрана Марио Баножиќ со кое се бара негово одобрение за обука на украински војници во Хрватска наведувајќи главно процедурални причини и остро се спротивстави на таквата обука, оценувајќи дека на тој начин ќе се „доведе војната во Хрватска“.
Затоа по одвивањето на предлогот од страна на хрватскиот претседател, Владата донела одлука да го испрати овој предлог до Парламентот каде наиде на големи критики од страна на партиите, и тие посочија дека на овој начин се прекршува Уставот и дека Владата за ваква одлука треба да има согласност од претседателот на државата.
Подготвено од М.Н.