https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10158610043364451&set=pb.795879450.-2207520000.&type=3

04.11.2022 Скопје

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти, му задал „смртоносен удар“ на Бриселскиот договор со неговите изјави во Берлин за Заедницата на српските општини и разрешувањето на директор на регионалната полициска управа на Северот на Косово Ненад Ѓуриќ.

Петковиќ истакна дека Курти со тоа предизвикал вознемиреност кај Србите од Косово, поради што, како што истакна, српскиот претседател Александар Вучиќ, седум часа разговарал со политичките претставници на Србите.

Петковиќ додава дека Србите соопштиле дека ќе направат се за да се борат за да го одбранат своето право на постоење на Косово, и дека ќе направат се на демократски и мирен начин да покажат целосен отпор кон нелегалните и едностраните одлуки на Албин Курти.

Петковиќ истака дека е закажана средба на сите политички претставници, на која ќе се донесе одлука дали сите Срби ќе ги напуштат косовските институции.

Подготвено од М.Н.

About Author