15.11.2022 Скопје
Иако кај популацијата преовладува мислењето дека срцето оболува претежно во поодминати години, но за жал оваа теорија не е точна бидејќи ни младите не се имуни на овој здравствен проблем.
Недостатокот на физичка активност, неправилна исхрана и лоши животни навики го зголемуваат ризикот на разни заболувања на срцето.
Според статистика во медицината ширум светот, по бројот на смртни случаи, за жал кардиоваскуларните болести се на прво место и затоа лекарите предупредуваат за тоа која храна негативно влијае за здравјето на срцето.
Црвеното месо е на првото место, овој вид на месо е богатo со заситени масти, а овие лоши масти можат да влијаат на подигнување на нивото на холестеролот.
Пецивата и брзата храна треба максинално да се избегнуваат бидејќи содржат транс масти, големи количини на зачини, шеќери и појачувачи на вкус, а сето тоа лошо влијае на човечкиот организам, поготово на здравјето на срцето.
Алкохолот исто така е исклучително штетна опција за човековиот организам, може да ги зголеми шансите за појава на крвни згрутчувања и зголемен крвен притисок со што го зголемува ризикот од појава на мозочен удар и срцеви заболувања.
Тука е и прекумерното консумирање на кафе и пијалоци кои содржат кофеин бидејќи кофеинот негативно влијае на работата на срцето, а секако и меѓу штетниците кои го оболуваат срцето се и пржената и премногу солената храна кои можат да доведат до појава на многу кардиоваскуларни заболувања.
Подготвено од М.Н.