Image by Freepik

04.11.2022 Скопје

За прв пат во историјата, оние кои наполниле 65 години се побројни во светската популација од петгодишниците и помладите. Затоа се повеќе работодавци во светот ги напуштаат програмите за „дефинирани бенефиции“ и преминуваат на систем на „дефинирани придонеси“, кој е понеповолен за идните пензионери.

Рангирањето на пензиските системи го подготви „Мерсер“, реномираната глобална финансиска консултантска компанија, чии експерти анализираа 44 пензиски модели од различни делови на планетата, во кои спаѓаат 65 отсто од светската популација.

Во извештајот се наведува дека секое рангирање на поединечни системи во принцип е спорно, бидејќи секој од нив е резултат на различни економски, социјални, политички и историски околности. Последица на тоа е дека еден систем, колку и да е високо, не може да се „пресади“ во целост во друго општество.

Како и минатата година, првото место го зазеде пензискиот систем на Исланд, островска земја со само околу 366.000 жители. На втората и третата позиција, каде што беа и минатата година, се пензиските системи на Холандија и Данска, а потоа следат Израел, Финска, Австралија, Норвешка и Шведска.

Во друштво на првите десет се и Сингапур, Велика Британија и Северна Ирска.

Швајцарија, која е европски синоним за уредно општество, е само на 11-то место, додека најголемата светска економија, САД, е 20. Системот на најголемата европска економија, Германија, е седумнаесетти на табелата „Мерсер“, три места пониско од минатата година.

Највисоко рангираниот пензиски систем во Азија е Сингапур, кој е рангиран на 9-то место, додека втората по големина економија во светот, Кина, е рангирана на 36-то место.

Оваа година, најлошо беше оценет пензискиот систем на Тајланд, кој, сепак, од година во година се подобрува.

ОН предвидуваат дека уделот на луѓето над 65 години во светската популација ќе порасне од 9,7 отсто оваа година на 16,4 отсто до 2050 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *