pentagon usa

09.11.2022 Скопје

Потсекретарот за политика на американското Министерство за одбрана, Колин Кал, изјави дека Пентагон признава дека американската воена помош за Украина делумно го исцрпува западниот арсенал и врши дополнителен притисок врз нивната одбранбена индустрија.

За американската воена помош за Киев, Кал истакна дека повеќе од јасно е дека донацијата со оружје на Украина влијае на воените залихи на Западот.

Функционерот Кал, воедно, додаде дека американскиот министер за одбрана Лојд Остин од самиот почеток бил фокусиран дека нема да се преземе непотребен ризик, односно да не ги намали резервите толку многу што ќе ја поткопа подготвеноста да се одговори на потенцијалот за уште една голема непредвидена ситуација на друго место во светот.

Високиот претставник на Пентагон увери дека воената помош за Украина на никаков начин не ги поткопува одбранбените способности на САД.

САД се лидери во испраќањето оружје во Украина, а од почетокот на војната тие испратиле оружје во вредност од над 18 милијарди долари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author