04.11.2022 Скопје
Денеска, папата Франциск апелираше до верските водачи да помогнат да се тргне светот од „работ на кревката пропаст” и да се спротивстават на новата трка во вооружување, затоа што ги преобликува сферите на влијание од времето на Студената војна.
Папата Франциск го изјави ова за време на неговата прва целодневна посета на Бахреин, додека го затвораше форумот за дијалогот меѓу Истокот и Западот, промовиран од кралот на државата.
Најверојатно мислејќи на Украина, папата ја осуди ситуацијата каде „неколку моќници се во решителна борба за сопствените интереси, оживувајќи застарена реторика, редизајнирање на сфери на влијание и спротивставени блокови”.
Кралот Хамад бин Иса Ал Калифа повика на едногласност во запирањето на војната меѓу Русија и Украина и на „сериозен дијалог за доброто на целото човештво”.
Папата го осуди и финансирањето на тероризмот.
Подготвено од А.Ѓ.