https://www.facebook.com/ConElPapa/photos/pb.100064414973238.-2207520000../1301633136609365/?type=3

26.11.2022 Скопје

Во отвореното писмо објавено по повод девет месеци од рускиот напад, папата Франциско ја истакна силата на Украинците што се соочени со инвазија, и повика на прекин на огнот за да се спречи ризикот од ескалација на конфликтот.

Светот препозна една храбра и силна нација, народ што страда и се моли, плаче и се бори, се спротивставува и се надева, благороден и маченички народ, напиша папата и додаде дека се моли за украинските лидери.

Украинските лидери ќе мора да бидат далековиди за да обезбедат мир, истакна папата Франциско, сугерирајќи дека Киев ќе мора да направи отстапки за да ја прекине војната со Русија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, минатата недела изјави дека Украина е подготвена за мир, но само според нејзините услови, врз основа на кои ќе биде обновена целата окупирана територија.

Подготвено од М.Н.

About Author