15.11.2022 Скопје
Оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и после тоа јавноста ќе биде известена за тоа нивното намалување, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерот Бектеши истакна дека нема да дозволи никаква злоупотреба од оваа криза да биде врз грбот на граѓаните, сите инспекциски контроли ќе бидат засилени и ангажирани,а до сега веќе се изречени и неколку казни.
Оваа недела е предвидено физички да се направи анализа во супермаркетите, и додатно ќе има известување за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои го направиле намалувањето.
Директорката на Државен пазарен испекторат, Анета Симеска Димоска истакна дека контролите се интензивирани согласно со новиот Закон за заштита на потрошувачите, а Бектеши додаде дека Министерството на дневна основа добива податоци за увозот на производите од Одлуката на Царинската управа.
Подготвено од М.Н.