07.11.2022 Скопје
Среќната боја на паричникот во 2023 година се толкува врз основа на кинескиот календар и фенг шуи.
Според кинескиот хороскоп, во моментот сме во годината на Водениот Тигар, но на 22 јануари 2023 година започнува лунарната година на Водениот Зајак и ќе трае сѐ до 24 февруари 2024 година.
Годината на Зајакот се смета за исклучително позитивна и просперитетна, освен што заминуваат конфликтите и судирите, носи мир, ги прави луѓето да бидат поотворени, попозитивни, повеќе да се фокусираат на радост, а не само на проблеми.
Годината на Зајакот вообичаено носи ‘ртење, раст и развој. Поради тоа, за некои од хороскопските знаци ова е одлична година за поставување темели на работењето и професионалниот развој. Според фенг шуи, затоа е важно да користиме алатки кои би ни помогнале дополнително да ја интензивираме добрата енергија.
Експертите за фенг шуи истакнуваат дека најсреќни бои за 2023 година ќе бидат црвената и розовата, но и сината и зелената. Можеме да избереме облека во овие нијанси и да ги украсиме домот или канцеларијата со предмети во среќните бои за 2023 година. Сепак, тоа што многумина најмногу ги интересира е бојата која се препорачува за паричникот.
Постојат одредени фенг шуи правила за паричник за да привлечете повеќе пари, а во 2023 година се издвојува црвената како најпрепорачлива боја за изобилство, пари и просперитет.
Доколку не ви се допаѓа паричник во црвена боја, во годината на Водениот Зајак може да си купите паричник со темносина боја, бидејќи таа претставува симбол за вода, а и самата вода симболизира изобилство и просперитет. Исто така, во овој контекст може да се користи темнозелен паричник.
Подготвено од А.Ѓ.