https://www.instagram.com/p/Ckv683VNEQI/?fbclid=IwAR2oBF55zHhNgrC23GMttFP9xm8TtUCjcqZTl8KAbkXmipU2Ntqv3DcTyvQ

11.11.2022 Скопје

Кралот Чарлс Трети ја откри статуата која е висока два метри, и која била дизајнирана со цел да го прослави платинестиот јубилеј на покојната кралица, и била завршена во август годинава, еден месец пред нејзината смрт.

Ова е првата статуа која е поставена во чест на Кралицата Елизабета II, и кралот Чарлс со говор се обрати пред насобраната толпа луѓе во Јорк, и истакна дека од сега ликот на кралицата ќе бдее над градот.

Статуата била тешка речиси два тона, и е направена од француски варовник.

На неа е прикажана кралицата, облечена во својата витешка наметка и државната дијамантска дијадема, и всушност самата кралица Елизабета го избрала дизајнот за статуата, која требало да биде откриена на церемонија во септември оваа година, но за жал тоа се одолжи поради нејзината смрт.

Кралот Чарлс истакна дека неговата покојна мајка секогаш се грижела за благосостојбата на својот народ, и сега нејзиниот лик ќе внимава на сите во вековите кои следат.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *