18.11.2022 Скопје

Откажана е наставата за повеќе од 32.000 ученици, поради снежната бура која завеа западни делови од американската сојузна држава Њујорк, вклучувајќи го и градот Бафало.

За време на викендот се очекува да падне повеќе од еден метар снежна покривка во Бафало и на други региони во западниот дел на државата Њујорк.

Во округот Ири, што го опфаќа градот Бафало, прогласена е вонредна состојба и забрането е возење, освен во итни случаи.

Училиштата во Бафало ја откажаа наставата за над 32.000 ученици, а натпреварот во американски фудбал меѓу локалните Бафало Билс и Кливленд Браунс беше преместен во Детроит.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *