01.11.2022 Скопје
Секоја дискусија за понатамошни чекори поврзани со договорот за извоз на жито преку Црното Море, ќе биде можна откако ќе се разјаснат околностите околу нападот на Украина врз бродовите на Руската флота, и кога ОН ќе одржи состанок на оваа тема, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Руденко.
Договорот кој е склучен во јули под покровителство на ОН и Турција, овозможи извоз на неколку милиони тони жито, кое беше блокирано во украинските пристаништа од почетокот на руската инвазија врз Украина, а е од големото значење за снабдувањето со храна во светот.
По нападот на црноморската флота и полуостровот Крим, за кој Москва ги обвинува Украина и Велика Британија, овој договор е блокиран, а со тоа се стравува дека блокадата ќе предизвика скок на цените на храната и секако се зголемува стравот од глад на глобално ниво.
Подготвено од М.Н.