03.11.2022 Скопје
Словенецот Лука Дончиќ, игра во огромна форма и имаше фантастично отворање на сезоната во синоќашниот меч против Јута, во кој дојде до остварување што не е видено цели 60 години.
Далас ја победи Јута со 103-100, а лидер во триумфот беше Лука Дончиќ кој постигна 33 поени, имаше и 11 асистенции и 5 скока, досега Далас одигра седум натпревари во оваа сезона и на сите седум Дончиќ постигнуваше по 30+ поени.
Последен пат такво остварување се случило во 1962, а тоа го направил Вилт Чембрлејн, кој што во 23 натпревари по ред од почетокот на сезоната постигнувал 30+ поени.
Подготвено од М.Н.