istambul bomba

14.11.2022 Скопје

Откако од околните камери се појавија снимки од женско лице кое ја има подметнато бомбата во туристучката улица во Инстамбул, каде што има загинати и повредени туристи, турски медиуми изјавија дека жената која се смета за главен осомничен за вчерашниот напад во Истанбул, е уапсена.

Турската полиција има објавено снимка од нејзиното апсење, каде се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите, каде што откриваат и друго оружје.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, ја обвини Работничката партија на Курдистан, за нападот вчера во неделата во центарот на Истанбул.

Исто така и Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека додатно се уапсени повеќе од десетина осомничени, кои е можно да биле дел од организацијата за вчерашната подметната бомба во центарот на Истанбул.

Подготвено од М.Н.

About Author