https://www.facebook.com/photo/?fbid=538344300980229&set=a.487435419404451

18.11.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на Министерската конференција на франкофонијата која ќе се одржи денес во Џерба, Тунис, а во утрешниот ден е предвидено, Османи да ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на 18-от саем на лидери на франкофонијата.

Од Министерството за надворешни работи, соопштија дека во рамки на двата најголеми собири на франкофониските земји и во присуство на голем број на светски лидери, министерот Османи ќе има свое обраќање на теми кои се поврзани со иднината и приоритетните цели на франкофонијата како и актуелните случувања во светот.

Во соопштението од МНР стои дека во рамки на Самитот на лидери ќе се избира и иден генерален секретар на франкофонијата.

Подготвено од М.Н.

About Author