https://www.facebook.com/photo/?fbid=528700469270890&set=pb.100063928230945.-2207520000.

06.11.2022 Скопје

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ соопшти дека Општина Росоман ќе добие девет милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина.

На фејсбук статусот на Маричиќ, кој денеска се сретна со градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, стои дека со изградбата на фабрика за третман на животинските нуспроизводи се воведува функционален и затворен систем за нештетен и безбеден третман и еколошко отстранување на отпадот од животинско потекло. Воедно, објасни дека функционирањето на фабриката е во согласност со ЕУ и националното законодавство и е пример за инвестиција во циркуларна економија, која во Општина Росоман отвора нови работни места и директно влијание на заштитата на животната средина, конкретно почвата и водите.

Вицепремиерот за евроинтеграции посочи и дека во процесот на пристапни преговори локалните самоуправи ќе имаат посебна улога.

Вицепремиерот Маричиќ подвлекува дека општините се места каде граѓаните можат да ги видат првите резултати од преговорите, затоа искористувањето на европските средства за реализација на проекти од корист на локалните заедници и нивните граѓани, мора да продолжи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author