Image by prostooleh on Freepik

11.11.2022 Скопје

Општина Петровец информира дека е во тек јавниот повик за доделување на еднократна годишна парична помош за деца со попреченост до 26 годишна возраст.

Од локалната самоупарава информираат дека целта на овој повик е да дадат мал финансиски инпут за овие семејства, со што би направиле детален скрининг на локално ниво за статусот, бројката и типот на попреченост и во иднина ова би дало можност за нивно згрижување, едукација и интегрирање во општеството и јавните институции на локално ниво.

Како што информираат од локалната самоуправа, право да се јават на овој повик имаат само жители на Општина Петровец и се родители/старатели на дете со попреченост до 26 години живот, односно според член 33 од Законот за заштита на деца, дете со тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој, потоа со умерена, тешка или длабока ментална попреченост, со најтешки облици на хронични заболувања, со најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот, дете со Даунов синдром, како и со повеќе видови на пречки во развојот.

Барањето може да се подигне од Архивата на Општина Петровец или да се превземе од веб страната на Општина Петровец (www.petrovec.gov.mk), а во прилог на барањето да се достави фотокопија на важечка лична карта на родител/старател, фотокопија од трансакциска сметка на родител/старател, наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата издадено од стручен орган и Решение од надлежен центар за социјална работа за видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот и телесниот развој.

Од Општина Петровец информираат дека барањето се доставува лично во Архивата на Општина Петровец или по пошта на адреса ул.1 бб 1043 Петровец.

Барањата треба да се достават најкасно до 10 декември 2022 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author