Image by prostooleh on Freepik

18.11.2022 Скопје

Градоначалникот Горан Стојанов информираше дека Општина Неготино ќе исплати еднократна помош од по 20 илјади денари за лица со попреченост.

Стојанов истакна дека на негов предлог како градоначалник на Општина Неготино, советниците во Советот на општината на последната седница ја усвоија одлуката, за одобрување на еднократна парична помош, на лицата со попреченост на подрачјето на Неготино. Воедно, додаде дека согласно одлуката, ќе се врши исплата на еднократна парична помош во нето паричен износ од по 20 илјади денари, а исплатата ќе биде со средства во висина од 2.460.000 денари, од буџетот на Општина Неготино.

Помошта ќе им се одобрува на лица кои имаат попреченост во менталниот или телесниот развој, а мерката ги опфаќа категориите на лица со интелектуална попреченост, со пречки во телесниот развој, со аутизам, потполно слепо и потполно глуво лице.

Еднократната помош ќе се одобрува врз основа на податоци добиени од страна на Министерството за труд и социјална политика – Меѓуопштински центар за социјални работи Неготино.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author