https://www.facebook.com/photo/?fbid=10219548678241395&set=p.10219548678241395

09.11.2022 Скопје

Општина Гази Баба информира дека е во тек јавниот повик за доделување парична помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза.

Од локалната самоуправа соопштуваат дека Општина Гази Баба во услови на сериозна инфлација, како и тешка енергетска и економска криза има подготвено социјален пакет за помош на социјално загрозените семејства од територијата на општината.

Како што информираат од Општина Гази Баба, социјалниот пакет опфаќа парична помош за месечна субвенција за електрична енергија за социјално загрозените граѓани, жители на Општина Гази Баба и за оваа парична помош може да поднесат барање членови на домаќинства кои се корисници на парична помош од социјална заштита. Исто така, социјалниот пакет опфаќа и месечна парична помош за корисници на пензија до најмногу 11.525 денари, жители на Општина Гази Баба и за оваа парична помош барање може да поднесат сите приматели на ниски пензии во висина до најмногу 11.525 денари.

Висината на месечната парична помош е во износ од 1.100 денари со вклучен персонален данок.

Од локалната самоуправа истакнаа дека оваа парична помош ќе се исплатува како месечен надоместок за месеците ноември и декември 2022 година.

Јавниот повик е објавен на 7 ноември 2022 година и ќе трае 15 дена, заклучно со 22 ноември 2022 година.

Општина Гази Баба ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат.

Потребните документи за аплицирање се на следниот линк: http://gazibaba.gov.mk.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author