07.11.2022 Скопје
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека октомвриската инфлација достигна 19,8 проценти, што значи дека за толку проценти се зголемиле трошоците за живот во однос на ланскиот октомври. Само за еден месец пак, во октомври во однос на септември трошоците за живот се зголемиле за 1,4 проценти.
За една година, храната поскапела за 32,4 проценти. Исто така, поскапување на годишно ниво има и транспортот за 14,7 проценти, облеката и обувките за 2,8 проценти, домување, вода и струја за 19,8 проценти.
Инфлацијата во Република Северна Македонија е највисока во регионот. Најниска е во Словенија која во октомври на годишно ниво била 9,9 проценти, а храната за една година поскапела за 17,2 проценти.
Подготвено од А.Ѓ.