tajvan i kina

07.11.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за одбрана на Тајван соопшто дека следи 44 кинески воени авиони, четири воени бродови и два воени беспилотни летала околу островот.

Министерството соопшти дека кинеските воздушни и поморски возила се надгледуваат со електронски алатки за следење, патролни авиони, бродови и копнени ракетни системи.

Тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон ескалираа откако Кина започна воени операции без преседан околу Тајван во август, кога претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, дојде во ненајавена посета на самоуправната островска држава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author