30.11.2022 Скопје
Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека Охрид ќе биде украсен за новогодишните празници, а нема да изостане ниту организираниот пречек на Градскиот плоштад.
Според Пецаков, Охрид е туристички град и нема да трпи на украсувањето, ниту на новогодишната забава во која ќе уживаат охриѓаните и туристите, иако е спротивно на владината одлука за штедење електрична енергија.
Градоначалникот на Охрид потсети дека јавното осветлување е приватно партнерство склучено 2014/2015 година и со него стопанисува приватна фирма, нагласувајќи дека тие имаат посебен договор за набавка на електрична енергија, така што Општината ќе нема било какви финансиски импликации.
Финансиската конструкција за новогодишната прослава и организираната забава за следниот ден, на 1 јануари била слична како минатата година, односно околу 12.000 евра.
Пецаков истакна дека украсувањето ќе биде слично како и минатата година, кога за таа цел, Општината има издвоено околу 12.000 евра во што влегуваат бини и трошоците за тридневната прослава, но годинава нема да биде само за новогодишната ноќ, туку и следниот ден. Воедно, додаде дека буџетот ќе биде истиот, а програмата уште не е финализирана.
Подготвено од А.Ѓ.