10.11.2022 Скопје
Денеска, во Аулата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на науката за мир и развој.
Покрај Наградата за најдобри научници/уметници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” за 2021 година, оваа година ќе бидат доделени и Плакети за посебен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност, постигнати исклучителни достигнувања во кариерата и меѓународна признаена извонредност, како значаен придонес во унапредувањето и развојот на Универзитетот.
Светскиот ден на науката за мир и развој е меѓународен ден кој ја истакнува важната улога што науката ја има во општеството и се слави секоја година на 10 ноември. Исто така, ја нагласува потребата да се вклучи пошироката јавност во дебатите за новите научни прашања.
Подготвено од А.Ѓ.