03.11.2022 Скопје
Од почетокот на новата година, данокот на додадена вредност за електрична енергија, место сегашните 5 проценти ќе биде 10 проценти и само по основ на зголемениот данок струјата ќе биде поскапена за 5 проценти.
Оваа новината за зголемување на ДДВ на струја ја откри министерот за финансии Фатмир Бесими, кој при презентација на Прeдлог-буџетот за 2023 година кога изјави дека и по Нова година корисниците ќе имаат повластена електрична енергија, но таа ќе биде 10 проценти.
Со измени на Законот за ДДВ од 1 јули 2021 година, како одговор на пандемиската криза, ДДВ за струја се намали од 18 на 5 процети и по таа стапка требаше да биде до 30 јуни 2022 година, но потоа се продолжи нејзината важност до крајот на оваа година.
Според сегашната регулатива се претпоставува дека некаде кон средината на 2023 година, даночната стапка на електричната енергија повторно ќе се врати на 18 проценти.
Подготвено од М.Н.